РЕГИСТРИРАЈ СЕ     
ДОБРЕДОЈДОВТЕ
ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЛЕЖНОСТИ
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
ЗАКОНИ И ПОДЗАКОНСКИ АКТИ
ПРАШАЊА И ПРЕДЛОЗИ
КОНТАКТ
ЗА НАС
 
Добредојдовте
 

 

НОВОСТИ 

04.01.2013 

Врз основа на член 35 и 37 став 2 од  Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр.98/08 и 145/10) и Одлука за продажба на одземем недвижен имот  бр.41-8062/3 од 06.11.2012 година („Сл.весник на РМ„ 142/12) Агенцијата за управување со одземен имот на  02.01.2013 година  донесе ЗАКЛУЧОК  ЗА  ВТОРО НАДАВАЊЕ за продажба на  недвижност,  по пат на усно јавно надавање - Вила на улица „Питу Гули„бр.13 во Скопје со вкупна површина од 1800 м2 и тоа двор 1526м2, под зграда 251 м2 и помошни згради 23 м2 лоциран во Скопје , во сопственост на Република Македонија. Усното јавно надавање ќе се одржи на ден 21.01.2013 година во 10 часот, во просториите на Агенцијата за управување со одземен имот. Повеќе информации  можете да прoчитате на линкот Огласи.

 

04.01.2013 

Врз основа на член 35 и 37 став 2 од  Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и  длуката за продажба на одземен недвижен имот (“Службен весник на Република Македонија” бр.98/08 и 145/10) и Одлуката за продажба на одземен имот бр.41-8062/1 од 06.11.2012 ( „Сл. Весник на РМ„ бр.142/12) Агенцијата за управување со одземен имот на 02.01.2013 година донесе  ЗАКЛУЧОК ЗА ВТОРОТО НАДАВАЊЕ за продажба на  недвижност,  по пат на усно јавно надавање - стан на ул.Климент Охридски бр.23 кат 4 стан 16 во Скопје со површина од 110 м 2  и подрум со површина од 9м2, лоцирани во Скопје, Центар ,во сопственост на Република Македонија. Усното јавно надавање ќе се одржи на 21.01.2013 година, во 13 часот, во просториите на Агенцијата за управување со одземен имот. Повеќе информации  можете да прoчитате на линкот Огласи.

 

21.12.2012

Денес  во 12 часот во просториите на Агенцијата за управување со одземен имот беше одржана јавна           лицитација за продажба на недвижност - локал  на ул.  3- та Македонска Ударна Бригада бр.2 во Куманово со површина од 80 м  и дворно место со вкупна површина од 742 млоцирани во Куманово.        

На јавната лицитација се постигна цена од 4.727.000,00 денари и истите ќе бидат ставени на располагање  на буџетот на Република Македонија. Со ова се дава јасна порака дека најсилниот инструмент во борбата против криминалот, а особено против организираниот криминал и корупцијата е КОНФИСКАЦИЈА НА ИМОТОТ и одземање на имотната корист, како и одземањето на предметите со кои е извршено кривичното дело, кои се стекнати со извршеното кривично дело или се искористени за извршување на кривичното дело.

Во таа насока Агенцијата за управување со одземен имот и понатаму ќе продолжи со продажба на кривично стекнатиот имот со претходна согласност од Владата на РМ.

 

19.12.2012

Врз основа на член 34, 48 и 49 од  Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр.98/08 и 145/10) и член 21, 22 и 23 од Правилникот за постапување со одземен имот, Агенцијата за управување со одземен имот објавува  ОГЛАС бр.01/2012 за продажба на подвижени предмети – ореви (во лушпа во количина од 3730 килограми и  Лупени ореви во количина од 670 килограми). Усното јавно надавање ќе се одржи на ден 27.12.2012 година, во 10 часот, во просториите на Агенцијата за управување со одзмен имот на ул. “Македонија” бб во Скопје. Повеќе информации  можете да прoчитате на линкот Огласи.

 

04.12.2012

Врз основа на член 33 од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр.98/08 и 145/10), Агенцијата за управување со одземен имот објави Оглас за продажба на акции издадени од АД Славија Скопје. Акциите ќе се продаваат на Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје, преку јавна берзанска аукција.  Јавната берзанска аукција ќе се одржи на 19,20 и 21 декември 2012 година. Повеќе информации можете да прочитате на линкот Огласи.

 

04.12.2012

Врз основа на член 37 став 2 од  Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр.98/08 и 145/10) и Одлука за продажба на одземен недвижен имт бр.41-8062/2 од 11.06.2012 година („Сл.веснок на РМ„ бр.142/12)  Агенцијата за управување со одземен имот на 30.11.2012 година  донесе  З А К Л У Ч О К  за продажба на недвижност по пат на усно јавно надавање  - локал   на ул.3-та Македонска Ударна Бригада бр.2 во Куманово со површина од 80 м 2  и дворно место со вкупна површина од 742 м2 лоцирани во Куманово, на КП 17944,  КО Куманово запишан во Имотен лист бр.14328, сопственост на Република Македонија. Повеќе информации  можете да прoчитате на линкот Огласи.

 

04.12.2012

 Врз основа на член 37 став 2 од  Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр.98/08 и 145/10) и Одлука за продажба на одземем недвижен имот  бр.41-8062/3 од 06.11.2012 година („Сл.весник на РМ„ 142/12) Агенцијата за управување со одземен имот на  30.11.2012 година  донесе  З А К Л У Ч О К  за продажба на недвижност по пат на усно јавно надавање - Вила на улица „Питу Гули„бр.13 во Скопје со вкупна површина од 1800 м2 и тоа двор 1526м2, под зграда 251 м2 и помошни згради 23 м2 лоциран во Скопје, запишани во Имотен лист бр.15753 КП бр.1676, КО Центар 2 во сопственост на Република Македонија. Повеќе информации  можете да прoчитате на линкот Огласи.

 

04.12.2012

Врз основа на член 37 став 2 од  Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и  длуката за продажба на одземен недвижен имот (“Службен весник на Република Македонија” бр.98/08 и 145/10) и Одлуката за продажба на одземен имот бр.41-8062/1 од 06.11.2012 ( „Сл. Весник на РМ„ бр.142/12) Агенцијата за управување со одземен имот на 30.11.2012в година донесе              З А К Л У Ч О К  за продажба на недвижност по пат на усно јавно надавање  -  стан на ул.Климент Охридски бр.23 кат 4 стан 16 во Скопје со површина од 110 м 2  и подрум со површина од 9м2, лоцирани во Скопје, Центар на КП 11832/1 КО Центар 1 запишани во имотен лист бр.42365  во сопственост на Република Македонија. Повеќе информации  можете да прoчитате на линкот Огласи.                                                              

   

22.06.2012

Јавно уништување на запленето оружје и наркотични дроги запленети со правосилни кривични и судски одлуки во погонот на АД “Макстил“ - Скопје 

Агенцијата за управување со одземен имот во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за уништување на одземен имот ја спроведе акцијата за уништување на оружјето и на дрогата правосилно одземено во кривична и  прекршочна постапка и истата беше изведена вчера во 19 часот во погонот на АД “Макстил“ - Скопје каде беа јавно уништени :212 парчиња различно огнено оружје, 373 кг наркотична дрога и поголемо количество лекарства.

 

09.02.2011

Врз основа на член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/2010 -Пречистен текст), Агенцијата за управување со одземен имот објави Оглас за засновање работен однос на неопределено време. Агенцијата за управување со одземен имот има потреба од 16 (шеснаесет) работници - извршители на работно место ,,Општ работник-чувар. Рокот за доставување на пријавата е 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Повеќе информации можете да прочитате на линкот Огласи.

 

07.02.2011

Врз основа на член 33 од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка (“Службен весник на Република Македонија” бр.98/08 и 145/10), Агенцијата за управување со одземен имот објави Оглас за продажба на акции. Акциите ќе се продаваат на Македонска берза за хартии од вредност АД Скопје, преку јавна берзанска аукција. Јавната берзанска аукција ќе се одржи на 28 февруари, 1 и 2 март 2011 година. Повеќе информации можете да прочитате на линкот Огласи.


02.02.2011

Денес на 02.02.2011 год. во 14 часот во просторијата на Агенцијата за управување со одземен имот се одржа лицитација за продажба  на старо железо од одземени предмети – хаварисани возила  и делови од возила.

 

10.12.2010

Уништени фалсификувани производи на Депонијата Дрисла

Јавните извршители од Агенцијата за управување со одземен имот од судовите во Република Македонија извршија преземање на одземени фалсификувани производи за кои се донесени правосилни и извршни кривични и прекршочни одлуки и истите беа уништени на Депонијата Дрисла.  

Во текот на ништењето беа уништени 87.114 пиратски ДВД и ЦД-а, 31.560 штеки цигари, 150 литри алкохол, 300 парчиња лекови, 160 килограми сецкан тутун, 18 тони храна и 1420 парчиња козметика.

Јавното уништување на одземените производи имаше за цел да ја зајакне јавната свест за значењето на правата од интелектуалната сопственост, но и предупредување до оние кои ги повредуваат авторските и правата од индустриска сопственост.

 

 

27.08.2010

Уништени фалсификувани свински црева во саламура  со непознато потекло   во депонија  ,,Дрисла” 

Извршителите на Агенцијата за управување со одземен имот  денеска во депонијата Дрисла уништија 1 180  кг саламура од животинско потекло  кои и од страна на Царинската управа беа запленети и одземени при влез во Република Македонија .

По преземањето на запленетата роба и известувањето од Царинската управа  дека истата е од непознато потекло, запленетата роба   од причини што не смее да биде пуштена во промет на македонскиот пазар  беше веднаш уништена во депонијата ,,Дрисла”.  

 

 

10.08.2010

Агенцијата ќе запленува и конфискува и надвор од границите на Македонија

Агенцијата за управување со одземен имот започна координирана акција со сродни агенции во Европските држави согласно нејзините законски овластувања за координирање на активности за запленување, одземање и конфискација на нелегално стекнат паричен и непаричен имот на македонски физички и правни лица, правосилно одземен во кривична постапка.

 

12.07.2010

Запленети над два милиони евра од фирмата на Миодраг Марковиќ

Врз основа на правосилна пресуда на Основниот суд Скопје 1-Скопје, извршителите на Агенцијата за управување со одземен имот конфискуваа акции од правното лице СКОТИХА во вредност од 2.049.000 ЕУР поврзани со кривично дело перење пари.

            Централниот депозитар на хартии од вредност запленетите акции во :

-3.120 акции во ИК банка,

-12.778 акции во КИК АД Куманово,

-13.544 акции во “Југоопрема” А.Д. Скопје

- 921 акции во “Козјак” А.Д. Куманово,

-564 акции во ЗИК “Скачковци” Куманово

-23.970 акции во “Трготекстил Малопродажба” АД Скопје

-8.662 акции во Комерцијално Инвестициона банка АД Куманово (Статер банка а.д.),

ги префлри на сметка на Агенцијата и истите по добиена одлука од страна на Владата на Република Македонија ќе бидат ставени на располагање на буџетот на Република Македонија. Најголема вредност имаат акциите во ИК Банка АД Скопје, чиј износ е околу 500.000 ЕУР. Изјави на денешниот брифинг директорот на  Агенцијата за управување со одземен имот.

 

 

09.07.2010

 Уништени поголеми количини запленето оружје и наркотици во погонот Челичарница  при АД “Макстил“

По повод Светскиот ден за ништење на мало оружје 09 јули, Агенцијата за управување со одземен имот во соработка со Министерството за внатрешни работи ја спроведе акцијата за уништување на оружјето и на дрогата правосилно одземено во кривична и  прекршочна постапка и истата беше изведена во 14 часот во погонот на АД “Макстил“ - Скопје (погон Челичарница)   каде беа јавно уништени :694 парчиња огнено оружје , Марихуана   866.860,99 грама, Хероин   54.184,35 грама, Хашиш 6,2 грама, Кокаин   11,5 грама, Опиум   6,08 грама, Морфин   12.119     грама,  Марихуана    244 стебла.

Изминатите 2 месеца извршителите од Агенцијата извршија попис и преземање на сето оружје и дрога која досега се чуваше во Основните судови и полициски станици, со помош на Министерството за внатрешни работи, а посебно Единица за организиран криминал, оружјето и дрогата беа поединечно и успешно транспортирани.

На ништењето беа поканети  Министерот за внатрешни работи, Министерот за правда, Комисијата за уништување на одземено оружје, наркотични дроги и психотропни супстанции – прекузори, претставници од МВР, медиумите и други.

 

 

 

05.07.2010

Одземен недвижен имот од  Драган Даравелски  во корист  на Република Македонија 

Врз основа на правосилна пресуда на Основниот суд Скопје 1 Скопје, Агенцијата за управување со одземен имот со решение до Агенцијата за катастар на недвижности на РМ изврши промена  на сопственост на  имотните листови на две парцели во КО Куманово и една во КО Центар – Скопје од лицето Драган Даравелски во корист на Република Македонија со истата пресуда имотот од поранешниот сопственик Киро Доцевски во КО Куманово со Решение е извршен пренос на сопственост на Република Македонија.

 

18.06.2010

Известување 

Врз основа на Одлуката на Управниот одбор на Агенцијата за управување со одземен имот донесена на ден 17.06.2010 г се поништуваат објавените лицитации на веб страницата на Агенцијата .

 

10.06.2010 

Наплатени парични средства за случајот Бачило

Извршителите на Агенцијата за управување со одземен имот во рамките на своите законски овластувања имаа успешна акција во наплата на парични средства за дел од осудените лица во мега аферата Бачило.

Паричните средства што се наплатени се во висина од 57 000.000,оо денари и истите се наплатени во корист на Буџетот на РМ.

Акцијата за наплата на вкупната штета од околу 5.000.000,оо евра продолжува и во наредниот период со интензивно работење на терен на Извршителите преку пронаоѓања на дополнителен недвижен имот по кого по дадена согласност од Владата на РМ ќе се пристапи кон негова лицитација. 

 

02.06.2010

Наплатени парични средства за кривично дело перење пари

 Извршителите на Агенцијата за управување со одземен имот во рамките на своите законски овластувања имаа успешна акција во наплата на парични средства од лицето Борко Марковиќ правосилно осуден со пресуда на Основен суд  Скопје 1  Скопје за кривично дело перење пари.

Паричните средства што се наплатени од осудениот се во висина од 11 000 000,оо денари и истите се наплатени во корист на Буџетот на РМ.

 

 

31.05.2010

 Помош за Бигорскиот манастир 

 Агенцијата за управување со одземен имот во рамките на акцијата за помош за возобновување на манастирот ,,Свети Јован Бигорски" кој беше опожарен минатата година додели еднократна помош во вид на едно патничко возило за потребите на монашкиот ред во манастирот, 50 м3 огревно дрво, 5 плотни и облека, сите тие од запленетиот и конфискуван имот со кој што управува Агенцијата.

       Наведената помош е доделена преку овластениот државен орган Комисија за односи со верски заедници на Република Македонија.

 

 

Започна акцијата  за превземање на оружјето и наркотичната дрога кои се правосилно одземени во кривична постапка 

Агенцијата за управување со одземен имот во соработка со МВР од почетокот на месец мај 2010 год. започна акција  за превземање на оружјето и наркотичната дрога кои се правосилно одземени во кривична постапка и се наоѓаа во Основните судови на РМ. Оваа акција е особено важна заради тоа што  огромно количество од оружје и дрога беше складирано во судските депоа и истата беше на товар на судовите. Со оваа заедничка акција судовите се растоварени од оружјето и наркотичната дрога и истата сега се складира и чува во посебни магацини на Министерството за внатрешни работи. 

 

 

26.04.2010

На депото ,,Дрислауништени фалсификувани производи запленети од државата 

Во депонијата Дрисла кај Скопје денеска беа уништени фалсификувани производи кои ги има запленето државните органи. Највеќе имаше цигари, алкохол и нелегален семенски материјал , големо количество на пиратски компакт дискови и банкноти.

Предметите кои беа уништени се одземени во заеднички акции на повеќе државни инспекторати, а за нивните сопственици судот има донесено право­силни и извршни кривични и прекршочни пресуди.

 

 

12.04.2010

Работилница „Проширена конфискација и одговорност на правни лица“

По повод измените на Кривичниот законик, во кој се внесе проширената конфискација како дел од казнено – правниот поредок, кои стапија на сила на 22 март 2010 година, а кои претставуваат чекор напред во процесот на реформата на казненото законодавство во насока на усогласување на домашните  закони со законите на ЕУ и со меѓународните конвенции за борба против организираниот криминал и корупција, во период од 6 до 8 април 2010 година се одржа тридневната работилница на тема “Проширена конфискација и одговорност на правните лице” на која земаа активно учество директорот заедно со  претсавници од Агенцијата за управување со одземен.

Со проширената конфискација се опфаќа не само имотот стекнат со кривичното дело за кое тој е обвинето лицето, туку и другиот имот стекнат најрано пет години пред да го стори делото за кое е обвинет, за кој судот треба да е уверен дека потекнува од криминална активност од такви или слични дела, а нема да биде понуден доказ за легално потекло. Кога лицето е обвинето и има такви формулирани обвиненија најпрво се замрзнува таквиот имот, а потоа на обвинетиот паѓа товарот за докажување на легалноста.  Доколку биде изрешена мерка за конфискација со тој имот ќе управува Агенцијата за управување со одземен имот, се до моментот не се донесе одлука дали тој ќе се даде на државен орган или ќе биде даден на лицитација.

 

15.03.2010

Претставници од Агенцијата за управување со одземен имот, предводени од директорот Ванчо Шехтански, како и претставник од Министерството за правда, земаа учество на семинар за мегународна соработка во областа на трасирањето и идентификувањето на криминалните дејствија во земјите од Балканскиот Регион, кој се одржа во Софија, од 10-11 март 2010 год.

На семинарот учествуваа високи претставници од земјите во регионот како и претставници од EUROPOL и CARIN мрежата, каде најголемо значење беше дадено на зајакнувањето на меѓународната соработка помеѓу Балканските земји во делот на конфискацијата како и пронаоѓањето на нелегално  стекнатиот имот. Во поглед на мегународната соработка од исклучително значење за Република Македонија е да стане членка на CARIN (Camden Assets Recovery Interagency Network), која претставува неформална мрежа за откривање и повратување имот помеѓу државите, каде членки се 55 земји вклучувајќи ги и повеќето земји од Балканскиот Регион, за што Агенцијата ќе превземе иницијатива и Република Македонија да стане членка во што поскоро време.

Презентацијата може директно да се превземе  тука.

 

 

 

 



Влада на Република Македонија
Претседател на Република Македонија
Собрание на РМ
Министерство за правда
Судови на РМ
Царинска Управа на Република Македонија
Ден на дрвото, Ноември 2012
 

(c) Copyright 2009, Агенција за управување со одземен имот, Република Македонија

Site Meter