Македонски    sq-AL   
РЕГИСТРИРАЈ СЕ     
ДОБРЕДОЈДОВТЕ
ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОДЗЕМЕН ИМОТ
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЛЕЖНОСТИ
ЛИСТА НА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
ЗАКОНИ И ПОДЗАКОНСКИ АКТИ
ПРАШАЊА И ПРЕДЛОЗИ
КОНТАКТ
ЗА НАС
СТРАТЕГИИ
 
За Нас
 

Еден од главните мотиви за сериозниот и организиран криминал е финансиската добивка. Организираните криминални групи го инвестираат нелегално стекнатиот профит во понатамошни илегални активности или спроведуваат перење на пари за негово легализирање и инфилтрација со цел да се стекнат со економско влијание во општеството. Конфискацијата на приходи стекнати од криминал се повеќе  е признаено како ефикасен начин за борба против организираниот криминал.

Замрзнувањето и запленувањето на приходите стекнати од криминал е ефикасен пристап  во борбата против тешкиот и организиран криминал при што главниот мотив е да се стекне некаква корист.

Република Македонија помеѓу првите Балкански земји ги имплементираше мерките за конфискација на приходи стекнати од криминал и ја воспостави законската основа за конфискација на приходи  при што главниот предизвик е нејзината практична имплементација.

Агенцијата за управување со одземен имот основана со Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во делот на конфискацијата презема широк спектар на мерки со кои треба да ја задржи вредноста на имотот преку забрана за негово отуѓување, преку негово поставување во соодветен магацински простор, продавање или раководење со замрзнатиот имот. Мерката зависи од природата на имотот (пари, акции, добра, возила, подвижен имот, компанија, недвижности, итн.)

Од погоре наведеното можеме да заклучиме дека со донесувањето на законот како и со основањето на Агенцијата во нашата држава се обезбедува конзистентна правна рамка, која го регулира начинот на управување и постапување со конфискуваниот имот и одземените предмети, домаќинско и соодветно управување на надлежните органи, засновано врз начелата на законитост, економичност и ефикасност.

 

 

 



Влада на Република Македонија
Претседател на Република Македонија
Собрание на РМ
Министерство за правда
Судови на РМ
Царинска Управа на Република Македонија
Ден на дрвото, Ноември 2012
 

(c) Copyright 2009, Агенција за управување со одземен имот, Република Македонија

Site Meter